Хумана студентка: Во слободното време ќе чува деца, а заработеното ќе го дава за болни и сиромашни дечиња – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 9:33 AM

Хумана студентка: Во слободното време ќе чува деца, а заработеното ќе го дава за болни и сиромашни дечиња

Таа нема пари за да даде и да помогне, но нашла свој начин тоа, сепак, на некој начин да го направи.

Вера Ранковиќ (21) од Крагуевац, Србија, одлучи слободноот време да го искористи на најхуман начин. Гестот на студентката на Природно-математичкиот факултет во тој град не остана незабележан, па за него вчера пишуваа повеќе српски медиуми.

Вера преку Фејсбук-групата „Хуманитарни лицитации – биди хуман“, во која луѓе продаваат свои предмети за да им помогнат на болните деца, таа го понуди своето време. Понуди по неколку часа дневно да чува деца во семејства, но не за да заработи, туку парите што ќе ги добие да ги уплати на сметка за некои од болните деца на кои им треба помош.

„Сакам да поминувам време со деца. Веќе подолго време сум во таа Фејсбук-група и сите тие постови ме мотивираа да размислам како јас би можела да помогнам. Мислам дека го избрав вистинскиот начин“, вели хуманата Вера.