ЕУ солидарна со Грција: На Ердоган му порача да престанел со провокации – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 9:11 AM

ЕУ солидарна со Грција: На Ердоган му порача да престанел со провокации

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанок изразиле „целосна солидарност“ со Грција и Кипар и ја повикаа Турција на „итна деескалација“, откако турски брод почна истражувања за нафта и гас во спорните води на источниот Медитеран.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно рече дека Анкара ќе продолжи со истражувачките дупчења во источниот Медитеран до 23 август, но по телефинскиот разговор со германската канцеларка Меркел, изјави дека Анкара и Берлин се договориле за ублажување на позициите во врска со датумот.