Владаа во Минск не само што почна да пушта од притвор уапсени граѓани кои учествуваа во демонстрациите, туку почнала и да им се извинува. Знак на повлекување пред народниот гнев, страв од санкции или тактички одмор заради зацврстување на расклиманата власт на Александар Лукашенко, чија изборна победа ја оспоруваат демонстрантите.
По повод пишувањето на некои западни медиуми дека Лукашенко избегал во странство, тој се огласи: „За почеток, жив сум, овде сум и не ја напуштив земјата. Сега сме на состанок за градежната индустрија во земјата“, изјави Лукашенко пред почетокот на состанокот со белоруските градежници.
Неговата проивкандидатка на последните избори, Светлана Тихоновскаја, повика на протести низ земјата во текот на овој викенд.


