„Багер мафија“ краде големи градежни машини во Германија, кои завршуваат на Балканот, пишува германскиот „Шпигел“.
„Кога’ г-дин Демир ’ во подружницата на компанијата „ Цепелин “во Кобленц, нарача багер, звучеше како класичен клиент. Тој рече дека му е потребна машина за градилиште во Ветервалд. „Цепелин“ е водечка компанија за изнајмување градежни машини и бидејќи човекот имал отворена сметка како клиент на компанијата, багерот бил доставен брзо и без дополнителни прашања“, се наведува во списанието.
Само три дена подоцна, вработената во компанијата забележала дека можеби да станува збор за криминалец. Таа видела меил од колега од Бауцен како предупредува на претпазливост, затоа што „господин Демир“ штотуку украл багер.
Службеничката веднаш повикала полиција, но кога полицајците се појавиле на градилиштето еден час подоцна, веќе било доцна. Жолтиот багет од 15 тони, кој чини 200.000 евра, исчезнал.
Шпигел изјавува дека еден очевидец подоцна изјавил дека багерот бил натоварен на нов црвен камион „мерцедес“ со хрватски регистарски таблички, и дека станува збор за професионална банда која „оперира“ со стил, пишува германскиот весник.
„Големите градежни машини, товарачите и багерите исчезнуваат, а трагата на’багер мафијата’ води кон Балканот – кон Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина“, пишува Шпигел.
Во текстот се наведува дека машините прво се чуваат во изнајмени простории, а потоа сторителите ги менуваат ознаките за типот и бројот на шасијата. Транспортот преку границата го преземаат компании од Источна Европа. Штетата е во милиони. Само во Хамбург, 16 натоварувачи на Цепелин исчезнале во последните три години.
„Крадците секогаш се претставуваат како обични клиенти, отвораат сметка и официјално изнајмуваат машини. Тие го земаат идентитетот на реномирани компании. „Г-дин Демир навистина постои, освен тоа што тој не ги изнајмил машините“, пишува весникот, потенцирајќи дека тој е чесен градежник од областа Рур, а бандата фрлила око кон неговата компанија затоа што има одличен рејтинг, пренесува Дојче веле.
Извор и фото: danas.rs