Знаци кои ги издаваат мажите кога им се допаѓа некоја жена – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 9:11 PM

Знаци кои ги издаваат мажите кога им се допаѓа некоја жена

Понекогаш е тешко да се прочитаат знаците што ви ги праќа некој маж, бидејќи тенка е линијата меѓу пријателското однесување и љубовниот интерс. Има ситуации кога знаците се толкуваат погрешно, а од друга страна, може и да не останат забележани воопшто.

Постојат неколку знаци по кои лесно ќе познаете дали за некој маж сте повеќе од пријателка:

Обрнете внимание на говорот на неговото тело

Ако сакате да бидете сигурнидека му се допаѓање на некој маж, треба внимателно да го набљудувате говорот на неговото тело. Причината лежи во тоа што токму говорот на телото може да ги издаде неговите чувства. Ако му се допаѓате на некој маж, ќе забележите дека често во гледа, а понекогаш не е ни свесен за тоа. Доколку пак, внимателно ја бира својата облека кога е со вас, тоа е знак дека му е важно какво мислење имате за него.

Анализирајте како зборува

Ако сакате да знаете дали некој маж од вашето опкружување сака да има нешто со вас, обрнете внимание на начинот на кој разговара. Доколку забележите дека внимателно ги бира зборовите, тоа значи дека пред да каже нешто, размислува за тоа. Уште една работа која може да ја забележите при тоа, е контактот со очте.

Запаметил многу работи за вас

Ако се сети на некој важен датум, тоа е знак дека имате голема важност за него. Тој исто така, ќе се сети на облеката што некогаш сте ја носеле, или на некоја шега што сте ја кажале. Сепак бидете внимателни – ако тој знае за вас многу работи, а вие не сте му ги кажале, можеби сепак е малку опсесивен.

Суптилни допири

Ако еден маж „случајно“ ве прегрне, тоа е знак дека сака нешто повеќе од пријателство. Психолошки гледано, ако човек забележи дека нешто го привлекува, тој автоматски тоа сака да го допре. Доколку ова се повторува, треба да размислите што ќе биде понатаму.

 

Извор:  zenskikutak.hr