Демант на СДСМ: Со ДУИ не е договорен премиер по принцип „три години Заев, една Зибери” – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 6:07 PM

Демант на СДСМ: Со ДУИ не е договорен премиер по принцип „три години Заев, една Зибери”

СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: „Договорен премиер по принципот три години Заев , една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР“.

Според нив не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина.

Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.

СДСМ им стои на располагање на медиумите и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.

Од партијата апелираат да не се доведуваат граѓаните во заблуда, а околу договорот за новата Влада ќе биде јавноста навремено информирана.