Гризлис и Блејзерс ќе одлучуваат за осмата позиција на Западот, храбриот Феникс извиси – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 2:45 PM

Гризлис и Блејзерс ќе одлучуваат за осмата позиција на Западот, храбриот Феникс извиси

„Денот на мрмотот“, кога се работи за Портланд Блејзерс во последните неколку денови во „баблот“ на Флорида. Демиан Лилард, повторно. Овојпат под 50, но доволни 42 поени против ослабените Нетси и „мајсторка“ против Џа Морант и друштвото за осмата позиција на Западната конференција.

Тесно, 134:133, Блејзерси издојуваа исклучително важна победа и потенцијален судир во првата рунда на Западот со фаворитот Лос Анџелес Лејкерс. Но пред тоа, тимот на Лилард ќе мора да ги совлада и Мемфис во дуелот помеѓу осмопласираниот и деветтопласираниот тим во конференцијата.

За жал, плеј-ин серијата изостана за Феникс Санс. Санси забележаа осум победи од исто толку натпревари во меурот во Орландо и ги освоија срцата на сите неутрални љубители на кошарката. Желбата, волјата и мотивот да се игра кошарка по секоја цена, ќе останат забележани како единствени во оваа чудна кошаркарска и спортска 2019/20 сезона.

Девин Букер се покажа во одлично светло против Маверикс, чиј тим беше целосно изротиран во пресрет на плејоф дуелот против Клиперси и ја зграби победата, очекувајќи услуга од Бруклин Нетс во последниот меч на програмата за изминатата вечер.

Ѕвездата на Портланд, Лилард, стана првиот играч во НБА историјата кој постигнал најмалку 40 поени во три натрпевари по ред и во кој негоиот тим победил со три или помалу поени разлика.

Покрај Лилард, босанскиот центар Јусуф Нуркуќ забележа дабл-дабл со 22 поени и 10 скокови во 33 минути поминати на паркетот.

Минатата вечер во НБА, освен што ни донесе нови историски моменти и рекорди, ни донесе и прекин на еден славен и недостижен во скоро време рекорд. За првпат по 23 сезони, да, добро прочитавме 23 цели сезони, Крег Поповиќ и Сан Антониo Спарс не се пласираат во плејофот на НБА. Поразот од Јута Џез од 118:112 и дефинитивно стави крај на надежите на екипата од Тексас за продолжување на неверојатната низа.