Колачот со својата кремаста текстура и комбинацијата на кафе и сочен крем, ќе ве импресионира.
Потребни состојки:
Кора:
8 јајца
8 лажички шеќер
4 лажички масло
9 лажички брашно
пола прашак за печиво
Сируп:
250ml вода
7 лажички шеќер
5 лажички нес кафе
2 ќесички капучино (многу подобро доколку имате од рум)
Фил:
500ml слатка павлака
250gr крем сирење (неутрално)
7 лажички шеќер во прав
Декорација:
100gr мелени наполитанки
Подготовка:
*Изматете ги белките од јајцата да добие пенеста смеса, а потоа додајте го шеќерот полека и продолжете да го тепате додека не добиете пена. Потоа додадете ги жолчките и промешајте повторно.
*На крај, додајте го брашното и прашакот за пециво да се соединете. Истурете ја смесата во обложен плех со големина од 35 х 25 см и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени помеѓу 20 и 25 минути.
*Испечен и изладен колачот хоринзонтално исечете го да се добијат две тенки кори.
*За сирупот измешајте вода и шеќер па ставете го на оган да проврие. Кратко оставете да проврие па тргнете го, додадете нес кафе и капучино, измешајте и оставете да се излади.
*Ставете ја слатката павлака, а во посебен сад измешајте го сирењето и шеќерот во прав. Соединете ја слатката павлака, сирењето и измешајте ги, но не претерувајте.
*Потопете ја кората во млакиот сируп и почекајте да впие па нанесете дел од филот, па редете така редоследно, а одозгора наросете од мелените наполитанки.
Оставете колачот да отстои, а потоа сервирајте.
Преземено од: https://stil.kurir.rs/


