Чајот од оригано, оџачар на вашето грло и синуси – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 10:37 AM

Чајот од оригано, оџачар на вашето грло и синуси

Ориганото има исклучително лековити својства, што нам ни се помалку познато, затоа што го сметаме за зачин во медитеранската традиционална кујна (се користи како свеж или сув зачин). Цветовите и лисјата на ова растение имаат и лековити својства. Затоа, покрај кујнската намена, ориганото се користи и во ароматерапија, лекови, па дури и за козметички цели. Но еве кои се придобивките и консумацијата на чајот од оригано.

Овој чај е богат со витамини Ц, К, А, железо, калциум, магнезиум, цинк, бакар, фенолни киселини, омега-3 масни киселини, флаваноиди и др. Чајот од оригано има широк спектар на придобивки за организмот, особено во однос на дигестивниот систем и респираторните органи. Бидејќи чајот од оригано ја обновува цревната флора, исто така ќе помогне при нарушувања на дигестивниот тракт, проблеми со желудникот и цревата, гасовите, надуеноста, грчевите, дијареја, а исто така ќе му помогне на црниот дроб да работи подобро, да се заштити од дијабетес и да го подобри апетитот. Бидејќи има исклучителни антибактериски својства, се покажа дека е одличен при елиминирање на бактериите, како што се Ешерихија коли, стафилокока, салмонела, а исто така се покажа добро и против габите, како што е кандидата, која се појавува во цревата. Научно е докажано дека ориганото е силен природен антисептик и антибиотик, така што ефикасно ги уништува вирусите и бактериите.

Чајот од оригано е одличен за респираторните органи. Помага против напади на астма, бронхитис, болки во грлото, настинка, грип и ќе ја олесни кашлицата. Исто така, ќе помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања и артритис. Исто така е одличен против несоница, а бидејќи е природен аналгетик, добрар е и против главоболки, ги намалува грчевите во мускулите, болните зглобови, болката во грбот (крстови), има добар ефект врз нервниот систем, ја одржува телесната тежина, а исто така е ефикасен и за егзема. Бидејќи содржи флавоноиди, полифеноли и антоцијанини, редовното консумирање чај од оригано може да го заштити организмот од карцином, т.е. тумор. Значи, иако го зајакнува имунитетот, тој дури го крева и целосното ниво на енергија во организмот.

Овој чај не се препорачува само за оние кои се алергични на оригано, како и за бремени жени или мајки што дојат.

Рецепти за правење чај од оригано:

Класичен чај од оригано (на 2 начина): Лажичка чај од оригано полијте ја со два децилитри врела вода и оставете ја покриена десет до петнаесет минути. Потоа, исцедете и пијте  три пати на ден, една чаша свежо подготвен чај, пред оброкот. Можете да подготвите и класичен чај од оригано на овој начин: додадете лажичка свежи лисја од оригано во 2,50 дл врела вода и варете околу петнаесет минути на тивок оган. После тоа, исцедете го чајот и засладете го кога чајот добива темна боја.

Чај од оригано против воспаление на синуси и грло: Прелијте супена лажица чај од мајчина душица и оригано со половина литар врела вода и варете неколку минути. Потоа извадете го чајот од оган, покријте ја главата со пешкир и вдишувајте најмалку десет минути.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/