Од нашата куќа не остана ништо, но му благодариме на Бога што сме живи – Животот на луѓето во Бејрут по експлозијата – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 10:16 AM

Од нашата куќа не остана ништо, но му благодариме на Бога што сме живи – Животот на луѓето во Бејрут по експлозијата

Повеќе од една недела по експлозијата на пристаништето во Бејрут, штетата од несреќата станува сè поочигледна. Според Високата комисија за помош, експлозијата оштетила или целосно уништила околу 70.000  згради, оставајќи околу 300 000 луѓе бездомници. Некои од нив раскажале за „Спутник“ како се снаоѓаат во исклучително тешката ситуација.


Голем дел од луѓето кои останаа без своите домови се принудени да престојуваат привремено со своите роднини во другите градови во Либан, затоа што никој друг нема да им помогне.


Пред поднесувањето на оставката,  либанската влада одобрила серија мерки за давање помош на жртвите од експлозијата, вклучително и обезбедување на привремено засолниште, како и помош за обнова на оштетените и уништените куќи. Сепак, заради огромниот број проблеми во земјата, спроведувањето на овие мерки се одвива бавно.


Нади Надер живее во центарот на Бејрут. Таа за „Спутник“ изјавила што се случило со нејзината куќа.

„По експлозијата, од нашата куќа речиси ништо не остана. Но, Му благодариме на Бога што ние и децата сме живи и здрави“, изјавила Надер.

Според нејзините зборови, нејзиното семејство не добило никаква помош од државата. Тие во моментов престојуваат кај нејзини роднините во друг дел на Бејрут, кој не настрадал од експлозијата.


“Пред да се случи сето ова, најстарата ќерка имаше болка во стомакот, мојот сопруг и јас отидов да ја однесеме на лекар, како Господ да се обиде да нè предупреди и да нè спаси сите. Помладиот син и ќерка остана дома со нашата куќна помошничка. Ја видовме експлозијата кога влеговме во автомобилот. Како и сите, не разбравме што се случува, мислевме дека станува збор за бомбашки напад. Веднаш побрзавме дома, и видовме дека се е срушено. Видовме дека нашата куќна помошничка ја притиснало стаклото. Таа почина од загуба на крв. Но, децата, фала му на Бога, скоро и да не беа повредени. Таа ги заштитуваше со своето тело “, рече Надин.

Градоначалникот на Бејрут, Џамал Итани објаснил дека се бројат куќите што можат да се реновираат, за да не се троши време на згради што не можат да се реновираат. Според него, утврдени се места за итна релокација на настраданите, но малкумина се тие што бараат помош.

“Ние сме подготвени да им помогнеме на сите што останаа без покрив над глава во несреќата. Има нови згради во градот кои сме подготвени да ги користиме како привремени станови за настраданите. Покрај тоа, општините најблиску до Бејрут имаат направено ваков предлог. Така што настраданите имаат каде да се обратат з апомош. е претрпеа. Но сепак, малкумина бараат помош: многумина се плашат да ги остават уништени куќи заради разбојници“, рече тој.

Од друга страна, жителите на другиот централен округ на Бејрут, Симон Ел-Ашкар, изјавил за „Спутник“ дека во неговиот дом не е извршен увид.

“Јас немам друг дом и сега го немам овој. Експлозијата ги оштет ѕидовите, сите прозорци се скршени. Јас чудесно преживеав, стаклото падна право на мене. Но, фала му на Бога, јас сум жив, а децата ме однесоа дома .Но, невозможно е да се погледне без болка на она што остана од мојата куќа. Не сум сигурен дека државата ќе пружи помош, никој не дојде ниту да ја процени штетата. Но, ние не сме навикнати да се потпираме на нашите службеници – тие само бараат да се плаќаат даноци, за возврат не помагаат кога е потребно “, изјавил жител на Бејрут.

Либанската армија објави дека постојано патролира во уништениот дел на Бејрут со цел да се спречи вандализам и грабежите.

Преземено од: https://www.kurir.rs/