Во Африка бројот на откриени случаи со корона надмина еден милион, има земји без активни случаи! – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 9:57 AM

Во Африка бројот на откриени случаи со корона надмина еден милион, има земји без активни случаи!

Бројот на откриени случаи со коронавирус на африканскиот континент надмина 1 милион и 80 илјади. Според „Worldometer“, во последните 24 часа на тој континент откриени се уште 10.476 случаи со Ковид-19.

Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.088.777, а излекувани се 783.617.

Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 405 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 24.727. Најмногу смртни случаи од Ковид-19 на овој континент се регистрирани во Јужноафриканската Република (11.270), потоа Египет (5.107), Алжир (1.341)…

Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.

Веројатно овие бројки се значително повисоки, но слабо развиениот здравствен систем на поголемиот дел од континентот тоа тешко го регистрира.