Министерот за здравство на Руската Федерација, Михаил Мурашко изјави дека досега се примени многу барања за набавка на нова руска вакцина против вирусот корона, но Русија нема да ја продава се додека не се обезбеди доволен број вакцини за свој пазар, за своето население.
„Засега нема да ја продаваме вакцината во други земји. Добиваме барања нон-стоп, но прво и основно мора да обезбедиме доволен број вакцини за нашиот пазар. Процесот е започнат “, рече тој.
Според Мурашко, први во редот за вакцината ќе бидат оние кои работат директно со пациенти, а веднаш потоа оние кои се најризични.
Тој исто така рече дека производството е веќе започнато и дека првата вакцина ќе биде готова овој месец.
Тој додаде дека тој лично има намера да се вакцинира.
Извор: sputniknews.com


