Супер рецепт: Колач со кајсии со бадеми – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 8:13 AM

Супер рецепт: Колач со кајсии со бадеми

Соврешен десерт, идеален за во лето!

Состојки:
230 грама брашно
140 грама путер
1 јајце
1 жолчка
90 грама шеќер во прав
40 грама ситно мелени бадеми
3 прстофати сол
изрендана короа од еден лимон
семки од ½ внилино стапче

Фил од бадеми:
100 грама омекнат путер
80 грама шеќер
2 јајца
100 грама ситно мелени бадеми
25 грама брашно
1 лажичка екстракт од ванила
4 -5 кајсии

Подготовка:
Омекнатиот путер да се измати до пенеста состојба, во него се додава шеќерот, па лимоновата кора и мелените бадеми. Продолжете со матење и додајте го едното јајце, а потоа и жолчката. Добро соединете ја смесата, па додајте го брашното и солта. Матете кратко, додека брашното не се соедини со смесата. Обликувајте топка, завиткајте во проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер најмалку 3 часа. Тестото отвиткајте го, и обликувајте го сад – калап претходно обложен со хартија и оставете го најмалку 45 минути во фрижидер. Печете го во рерна загреана на 160 степени Целзиусови околу 15 минути.

Фил: Изматете го путерот со шеќерот. Постепено измешајте ги јајцата, брашното, мелените бадеми и ексрактот од ванила и соединете го. Филот нанесете го изладената кора (но не до врвот на калапот), врз филот распоредете ги кајсиите и печете на 180 степени Целзиусови, околу 45 минути. На изладенито колач, нарасете шежер во прав и по желба исецкани бадеми.

Преземено од: https://mondo.rs