Иранските навивачи ги будеа фудбалерите на Португалија, Роналдо ги молеше да престанат – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/18 8:54 AM

Иранските навивачи ги будеа фудбалерите на Португалија, Роналдо ги молеше да престанат

Навивачите на фудбалската репрезентација на Иран направија шоу во Саранск, во пресрет на нивниот меч против селекцијата на Португалија.

Иран доколку ја совлада Португалија ќе мине во осминафиналето од Мундијалот, а тоа беше предизвик за навивачите да одат пред хотелот во кој беа сместени играчите на противничкиот тим и да почнат да прават неподнослива бучава.

Навивачите пееја, играа, удираа во тапани, викаа, се со намера да не им дадат мир на Португалците, односно да ги оневозможат да имаат мирен сон.

На крајот, мораше да интервенира Кристијано Роналдо, кој излезе на прозор пред навивачите на Иран и ги замоли да бидат потивки со цел да може да заспие.