Невербални знаци на успешните луѓе кои треба да ги усвоите – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 9:59 PM

Невербални знаци на успешните луѓе кои треба да ги усвоите

Општо познато е дека нашето тело има свој говор кој понекогаш може да биде погласен од зборовите. Експертите докажале дека луѓето што знаат добро да ги користат невербалните знаци имаат многу појака емоционална интелигенција, а со самото тоа се и поуспешни.

Еве кои се знаците што треба да ги усвоите од успешните луѓе:

Исправено држење на телото кога седите

Ако седите подгрбавено, го прекривате своето лице со рацете и ги држите лактите на столот, оставате впечаток на непочитување. Овие знации покажуваат дека не го слушате соговорникот и дека не ве интересира тоа што тој ви го кажува. Од друга страна, ако седите исправено ќе изгледате како да сте полни со самодоверба.

Правилно користење на гестикулацијата

Ако претерувате со гестикулирањето, луѓето со кои разговарате нема да веруваат во вашите приказни, или ќе сметаат дека нешто криете. Умерената гестикулација е одраз на силен карактер. На овој начин секој ќе обрне повеќе внимание на она што сакате да го кажете.

Прекрстени раце

Ако во текот на разговорот ги држите рацете прекрстени, соговорникот ќе добие впечаток дека не сте флексибилна личност. Дури и да се смешкате додека разговарате, прекрстените раце не се пожелни.

Насмевка

Ако се смеете на секој збор ќе изгледа како да сте личност што нема силен карактер. Смејте се на вистинското место и во вистинско време. На овој начин ќе оставите впечаток дека имате контрола над ситуацијата и дека мжете да бидете смирени независно од тоа колку е таа стресна.

 

Извор:   zenskikutak.hr