СЗО: Спречето го ширењето на кластерите, ако не корона ќе трае долго – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 8:54 PM

СЗО: Спречето го ширењето на кластерите, ако не корона ќе трае долго

Клучот во борбата против короната вирус е да се спречи ширењето на кластерите, изјави денеска шефот на програмата за вонредни состојби на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан.

Многу мал процент од светската популација веќе го имала вирусот, а оваа криза може да трае долго, ако тоа го дозволиме, рече Рајан, пренесува Ројтерс.

 

Коментирајќи ја руската вакцина против коронавирус, високиот советник на СЗО, Брус Ајлорд, на брифингот во Женева рече дека немаат доволно податоци засега за да можат да кажат нешто специфично.

Во вторникот Русија стана првата земја во светот што даде регулаторно одобрение за вакцината Ковид-19, која ќе се вика „Спутник В“, за да  му оддаде почит на лансирањето на првиот сателит во светот за време на Советскиот Сојуз, потсетува Фена.

Извор: danas.rs