Поранешниот фудбалер на еден од најголемите клубови во источна Европа, белградски Партизан, Владимир Ивиќ, кој беше дел од „златната генерација“ на црно-белите што го елиминираше Њукасл и се квалификуваше во групната фаза на ЛШ во 2003 година, следната сезона ќе седне на клупата на второлигашот Вотфорд.
Четириесет и тригодишниот Србин кој последно го водеше Макаби Тел Авив и освои со него две титули во израелското првенство по ред, а претходно го менаџираше грчкиот тим ПАОК и освои куп титула во 2017 година, ги импресионирал челниците на англискиот клуб и тие се решиле тој да биде новиот предводник на тимот.
Владимир Ивиќ ќе стане четврт пермаментен тренер во периодот од 12 месеци, откако Хави Грасија и Кике Санчез Флорес до декември минатата година беа отпуштени, а Најџел Пирсон ја доби истата судбина по завршувањето на оваа сезона и испаѓањето на Вотфорд во Чемпионшип.