Јан Вертонген како слободен играч продолжува во Португалија – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 5:20 PM

Јан Вертонген како слободен играч продолжува во Португалија

Белигскиот дефанзивец и долгогодишен член на англиски Тотенхем, Јан Вертонген, како слободен играч го напушта тимот од северен Лондон и се придружува на лисабонскиот гигант Бенфика.

Вертонген во текот на овој и утрешниот ден ќе ги помине медицинските прегледи и веднаш потоа ќе стави потпис на тригодишен договор со екипата предводена од старо-новото лице, Жорге Жезус.

Тотенхем не сакаше да ја продолжи соработката со искусниот централен дефанзивец, иако во поновата историја на клубот Вертонген може да се смета и за легенда на Тотенхем, забележувајќи повеќе од 300 настапи по пристигнувањето од Ајакс во 2012 година.

-Моето време во клубот заврши. Тажен ден од повеќе причини. Ви благодарам на сите за целата поддршка низ годиниве. Бевте неверојатно. Имавме прекрасни моменти заедно, збогум, напиша Јан Вертонген.

Доведувањето на централен дефанзивец, можеби ќе значи и продавање на еден од најпроперитетните млади дефанзивци во Европа и актуелен играч на Бенфика, Рубен Диаз.