ВИДЕО: Најгрдото куче на светот – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/18 8:51 AM

ВИДЕО: Најгрдото куче на светот

На традиционалниот натпревар за најгрдо куче во светот, што се одржа во Калифорнија, победи англискиот булдог Заза.

Нејзината сопственичка Меган Мрејнард од Минесота ќе добие награда од 1.5000 долари.

Деветгодишната Заза ги засени останатите натпреварувачи. Кучињата на овој светски наптревар кој се одржува 30 години ги покажуваат своите несовршености – некои од нив се без влакна, а други имаат долги исплазени јазици. Тие со своите сопственици дефилираат по црвен килим, а ги оценува стручно жири.