Вук Смиљаниќ – вајбот на белградската денс сцена во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 2:32 PM

Вук Смиљаниќ – вајбот на белградската денс сцена во Скопје

По одличниот старт на вториот дел од летната сезона и настапот на Нада Димитријевиќ, и овој петок продолжуваат веќе традиционалните забави под мотото Intermezzo Music Rituals. Така, утре (14 август) е резервиран за хаус звуците и гостувањето на Вук Смиљаниќ.

Вук важи за еден од носителите на белградската музичка сцена. Тој е диџеј и продуцент и долгогодишен резидент во култните клубови: Младост, Гадост, Кучица и Ласта Градски Сплав. Смиљаниќ со себе ќе го донесе вајбот на белградската денс култура, па затоа дружбата со него е нешто што не смее да се пропушти.

Ново име е закажано за следниот петок за кога е закажано уште едно музичко патување и продолжение на летната сезона.

– Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ, велат од  музичкиот бар.