Уставот е прекршен а претседателот на државата Стево Пендаровски е активен учесник во сето тоа, обвини на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
,,По кој критериум претседателот Пендаровски одлучи да го даде мандатот за состав на Влада на човекот кој не достави доказ дека поседува мнозинство во Парламентот,“праша Мицковски
Според него, самиот Пендаровски рекол дека ќе ги повика сите политички чинители на разговор кај него, но кој до ден- денешен додека го додели мандатот воопшто не се случило.
,,По таа логика, мандатот без доказ може да се додели и во рацете на ВМРО-ДПМНЕ кој освои најмногу пратеници во македонскиот блок или на ДУИ, на ДПА, Левица,Алијансата,Алтернатива или на која друга политичка партија која што е во Парламентот,“ рече Мицковски.
Тој најави дека денес,во името на сите кои што гласале за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, заедно со пратениците во 15.30 часот, ќе бидат пред канцеларијата на Пендаровски во Вилата -Водно за да побарат одговор на нивните прашања.
Христијан Мицкоски обвини дека веќе на тројца пратеници вчера им биле понудени привилегии, со цел да ја напуштат коалицијата предводена од неговата партија и да се приклучат кон СДСМ.