Валканата страна на луѓето: Ретко менуваат долна облека – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 12:41 PM

Валканата страна на луѓето: Ретко менуваат долна облека

Иако веројатно мислите дека луѓето менуваат долна облека секојдневно, таа претпоставка е далеку од вистината.

Истражувањето кое го има спроведено компанијата „Том Џон“ во која учествувале 2.000 американци, ја открива валканата страна на луѓето. Верувале или не, дури 45 отсто од испитаниците изјавиле дека долната облека ја носат два дена или повеќе.

Тоа звучи многу валкано, но професорот по микробиологија и патологија Др Филип Тијерно вели дека не е толку страшно.

„Искрено , тоа нема толку да му наштети на вашето здравје, колку на вашата репутација“, вели тој.

Овој експерт објаснува дека секој микроорганизми и на телото, кои се нарекуваат микробна флора, и насобирањето на тие микроорганизми предизвикуваат непријатен мирис на облеката доколку се носат подолг временски период.

„Со оглед на тоа што тоа се ваши бактерии, освен ако немате некоја рана на телото низ која би можеле да влезат, нема вам да ви наштетат“, изјавил Тијерно.

Дали е лошто да носите долна облека повеќе од еден ден?  Да! – Но нема да му наштети на вашето здравје.

„Два дена носење на иста долна облека нема да го промени бројот на бактерии, но доколку зборуваме за еден недела и две, тогаш ќе е премногу, и ќе чувстувате непријатен мирис“, изјавил докторот.

Преземено од: https://mondo.rs/