Повеќе од 200 луѓе загинаа или се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови во Кина, пренесува Анадолија.
Кинескиот заменик-министер за управување со итни состојби, Џоу Шуевин, во изјава за медиумите нагласи дека во поплавите во земјата 219 лица загинале или се водат како исчезнати.
Според Џоу Шуевин, во овие поплави се урнале повеќе од 54.000 домови. Исто така, Шуевин рече дека поплавите предизвикале директна штета од околу 25 милијарди долари.
Како резултат на поплавите кои од јуни досега се случија во Кина, околу два милиона луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.