Франција го зајакнува военото присуство во источниот Медитеран – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 11:31 AM

Франција го зајакнува военото присуство во источниот Медитеран

Франција соопшти дека привремено ќе го зголеми своето воено присуство во источниот Медитеран.

Нагласувајќи ја важноста за решавање на споровите преку дијалог, францускиот претседател Емануел Макрон во разговорот со грчкиот премиер Мицотакис, ја истакна потребата за поголема консултација во напнатоста меѓу Грција и Турција и ја поздрави иницијативата за посредување од страна на Германија.

„Тој, исто така, одлучи привремено да го зајакне француското воено присуство во источниот Медитеран во наредните денови, во соработка со партнерите на Франција во Европската Унија“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.