Од убод на пчела, почина „кралот на херцеговскиот алуминиум“, Јозо Богдан – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 9:34 AM

Од убод на пчела, почина „кралот на херцеговскиот алуминиум“, Јозо Богдан

Јозо Богдан (66), познат индустријалец и директор на компанијата „Феал“ од Широки Бријег, вчера попладне починал во во Загреб, откако пред неколку ден дена беше убоден од пчела во Херцеговина. Познатиот претприемач паднал во анафилактичен шок по убодот од пчела. Потоа бил итно пренесен на Универзитетската клиничка болница Мостар, каде што лекарите го реанимирале. Медиумите вчера претпладне информираа дека тој со хеликоптер најверојатно е пренесен на лекување во германска болница, но, сепак, завршил во Загреб.

Јозо Богдан е сопственик на една од најуспешните компании во Босна и Херцеговина, која градела од Казахстан до Британија.  Во 2013 година бил прогласен за претприемач на годината во БиХ и беше еден од најбогатите луѓе во земјата, но бил и голем добротвор.

Покрај матичната компанија за алуминиум, неговата групација ја сочинуваат уште девет други компании во Хрватска, Германија и во Австрија, со вкупно 650 вработени.

Потекнува од сиромашно семејство во западна Херцеговина, а добар дел од животот го поминал во Германија како градежен работник.