Скоро секоја сложена ситуација во животот создава непријатност, но сепак од неа може да се извлечат важни лекции. Токму поради тоа, може да се извлечат поуки и од разводот. Психологот и консултант, Џералд Роџерс напишал еден текст за време на неговиот развод, во кој наведува дека ја изгубил жената што ја сакал по 16 години брак. Во истиот текст тој наведува кои се оние работи што може да ви го спасат бракот и додава дека би сакал да чуе барем дел од нив додека се разведувал:
Никогаш не престанувајте да и’ се додворувате на вашата сопруга. Никогаш не гледајте на неа како на нешто што се подразбира. Кога сте и’ понудиле брак сте и’ ветиле дека ќе бидете човекот што смело ќе го штити нејзиното срце. Таа Ве одбрала вас. Никогаш не заборавајте го тоа и запаметете дека љубовта не трпи мрзеливост.
Трудете се во неа секогаш да го гледате најдоброто. Фокусирајте се на она што го сакате кај својата сопруга. Доколку се концентрирате на грешките, тогаш насекаде ќе гледате грешки. Доколку го пренасочите своето внимание на нешто што Ви се допаѓа, ќе сфатите дека сте се ожениле со најпрекрасната жена на светот.
Не обидувајте се да ја промените. Вие имате задача да ја саката сопругата таква каква што е, без очекувања.
Преземете одговорност за сопствените емоции. Вашата сопруга не е обврзана да Ве прави среќен, исто како што не може да Ве направи несреќен.
Дозволете и’ на Вашата сопруга едноставно да постои. Кога е нервозна, не обидувајте се тоа да го смените. Ваше е да ја прегрнете и да и’ дадете до знаење дека тоа е нормално. Нека знае дека чувствувате како и’ е, дека ви значи многу и дека сте тој на кој секогаш може да се потпре. Женската природа е променлива, а емоциите се како бура – се интензивираат и потоа се смируваат.
Дајте и’ простор на сопругата. Некогаш треба да и’ дадете до знаење дека грижата за себе не е лоша работа.
Смејте се. Направете и Вашата сопруга да се смее. Насмевките ја олеснуваат секоја ситуација.
Направете да се чувствува како кралица. Може да направи список од десетина работи што прават да се чувствува сакана и посакувана.
Научете се да простувате. Сконцентрирајте се на иднината, а не на минатото. Грешките од минатото, неважно чии се, нема да Ви дозволат да продолжите напред. Простувањето е слобода.
Извор: zenskikutak.rs