Погба: Ова би можел да биде мојот последен Мундијал – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/18 8:44 AM

Погба: Ова би можел да биде мојот последен Мундијал

Критиките од француската јавност очигледно го погодија Пол Погба, кој на 25 години најави дека ова би можел да биде негов последен настап на Светско првенство (СП).

„Ова можеби ќе биде мојот последен Мундијал. Јас сум само реален, можеби нема уште еднаш да добијам повик за репрезентацијата, други играчи се подобри од мене. Се надевам дека ќе продолжам понатаму. Некои сонуваат за еден, а јас веќе одиграв два меча“ , беа зборовите на францускиот играч за врска.

Французите веќе се во осминафинале, а во последното коло ќе играат против Данска во директен дуел за првото место.

Преземено од: Гол.мк