(Видео) Го уапсија, па го качија во погрешен автобус- На белоруските полицајци им смее светот – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 10:27 PM

(Видео) Го уапсија, па го качија во погрешен автобус- На белоруските полицајци им смее светот

Двајца белоруски полицајци уапсија еден човек за време на антивладините протести во Минск, но тие го згрешија  автобусот во кој требаше да го стават.

Наместо во полицискиот, се качија во автобус на јавен превоз.

Влегоа на задната врата, но наскоро ја сфатија грешката.

Да потсетиме, протестите  траат уште од недела, 9 август, кога се одржаа претседателските избори, на кои победи Александар Лукашенко, кој управува со земјата 26 години. Граѓаните незадоволни од резултатите наскоро излегоа на улиците, а протестите наскоро се претворија во немири. Досега се приведени над 5.000 луѓе низ целата земја.

Извор: srbijadanas.com