Гастритс е воспаление на слузокожата на желудникот. Карактеристични симптоми се болка во горниот дел на желудникоти горушица. Кај гастритисот слузницата на желудникот е надразнета и воспалена, но не постои отворена рана што е обележје на пептички улкус. Гастритисот најчесто е предизвикан од неправилна исхрана или од супстанции кои го иритираат желудникот, а тоа се:
– Алкохолни пијалоци и кафе
– Лекови, нарочно оние против воспаление,како што е аспиринот
– Претерано ладни или топли јадења и пијалоци, на пример: чаеви, сладолед или ладно пиво
– Цигари: додека се пушат цигарите се ослободува никотин и катран кои се разложуваат во плунката и кои преку неа се пренесуваат ви желудникот каде можат да предизвикаат гастритс.
За лечење на гастритс исхраната има главна улога. Таа мора да се состои од лесни намирници кои не го надразнуваат желудникот. Многу е важно да се избегнуваа се што може да ја иритира слузокожата на желудникот. Антацидните лекови кои често се користат при заболување од гастрит неможе да помогнат доколку не се одречеме од лошите животни навики и неправилната исхрана.
ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕЧЕЊЕ ЗГОЛЕМЕН ВНЕС НА:
КОМПИР – во случај на гастритс погоден е компирот кој е припремен на здрав начин ( варен или печен, зачинет со малку маслиново масло ). Компирот содржи супстанции кои дејствуваат смирувачки, а има и антицидно дејство.
ОВЕС – содржи муколитики кои ја омекнуваат и ја штитат слузокожата на желудникот. Оброкот кој содржи овес нарочно се препорачува за заболени од гастрит,во колку не се појави интолерантост на или алергија на глутен).
ОРИЗ – дејствува како адстрингенси против воспалително за желудникот и цревата, со тоа се препорачува кај болните кои болуваат од гастритс.
ТАПИОКИ – брашното тапиоки е богато со муколитици кои го опуштаат и ја штитат дигестивниот систем. Сварена со зеленчук има голема хранлива вредност.
МОРКОВ – содржи растителни влакна и провитамин А кои го регулираат создавањето на желудечните сокови и ја намалува нивната киселост. Морковот ги намалува ( ублажува) желудечните болки и помага кај гастритисот и доколку се јаде и свежа и варена или да се пие како исцеден сок.
АВОКАДО – го намалува и ублажува воспалението на желудникот и ја штити неговата слузокожа. Исто така и ја неутрализира вишокот на киселина.
ТИКВА – ја неутрализира вишокот на киселина и ја заштитува слузокожата на желудникот. Пире од тиква е најдобрата исхрана при гастритис.
ЈАБОЛКИ – содржат растворливи влакна , пектин и танин, кои го смалуваат воспалението на желудникот, а со тоа и предизвикување на гастритис или на колитис.
ЗЕЛКА – го спречува создавањето вишок на киселини во желудникот. Го смирува воспалението на желудникот.
НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОНЗУМИРА
ПИВО – многу е штетно за слузокожата на желудникот, бидејки содржи алкохол и се пие ладно. За лекување се препорачува потполно откажување од пиво па дури и безалкохолното е забрането.
АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ – алкохолот ја надразнува слузокожата на желудникот, ги зголемува желудечните сокови кои го олеснуваат варењето , но доведува до воспаление на желудникот. Редовното конзумирање на алкохолот предизвикува трајно воспаление на желудникот, познато како хроничен гастритис.
СТИМУЛАТИВНИ ПИЈАЛОЦИ – кафето, чајот и сите други напитоци со кофеин се штетни.
КАФЕ – не само поради кофеинот кој го соджи, туку и поради супстанциите кои и му даваат на кафето специфична арома го зголемуваат произведувањето на на киселини во желудникот, а со тоа се поттикнива гастртитот. Поради ова и безкофеинското кафе е штетно за желудникот.
ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ – тие вообичаено содржат шеќери, хемиски адитиви( додатоци) и јаглен диоксид (CO2) кои го надразнуваат желудникот.
ЛУТИ ЗАЧИНИ – докажано е дека лутите зачини го зголемуваат произведувањето на желудечните сокови, но на штета на желудникот, бидејки доведуваат до воспаление на неговата слузокожа. Слично дејство има и аспиринот. И црниот и белиот бибер многу предизвикуваат изумирање на келиите на желудечната слузокожа и мали крварења во самиот желудник.
ШКОЛКИ – тоа доведува до воспаление на желудникот поради големата количина на отрови кои ја содржат и поради тоа се тешки за варење.
МЕСО – тоа содржи пурини, азотна супстанции кои му даваат типичен вкус. Овие супстанции влијаат на зголемувањето на желудечните сокови и влијаат на воспаление на желудникот. Конзумирањето на месо може да предизвика гастритис, а исто така и да го отежни неговото излекување.
ШЕЌЕРИ –голема количина на шеќери ја надразнува слузокожата на желудникот и потикнува размножување на бактерии, како што се Helicobacter pylori кој предизвикува гастрит и чиреви.
СЛАДОЛЕД – ладното чувство кое сладоледот го предизвикува, предизвикува вазоконстрикција и го смалува протокот на крв низ желудникот со што ја ослабува самата слузокожа и ја прави да биде осетлива на воспаление.
ЦИТРУСНИ ОВОШЈА – поради својата киселост, цитрусите можат да наштетат при воспалување на слузокожата и да го отежнат варењето.