Рај за богатите во време на криза се гради на брегот на Атлантскиот Океан, во мексиканското одморалиште Тулум. Среде џунглата каде живееле Маите, во тек е изградба на луксузен комплекс во форма на гнездо, во кој богатите се заштитени и одвоени од светот.
DNA unveils “Cocoon Hotel & resort”, Tulum, Mexico- a new concept of eco-tourism, inspired by the sea and the exotic forest. The project consists of 46.181 m2 offering 3 residential and 2 hotel buildings “COCOON” with 204 apartments and 167 rooms as well as 16 private villas. pic.twitter.com/Y6YwAhMusT
— DNA BARCELONA ARCHITECTS (@DNA_BCN_ARQ) July 27, 2020
Проценката на шпанските архитекти кои се автори на овој хотел била дека богатите луѓе ќе избираат места каде гужвата е помала. Иако Тулум е добро познато летно одморалиште, тие замислиле комплекс во кој ќе бидат издвоени богатите.
Комплексот со површина од повеќе од 46.000 квадратни метри е сè уште во изградба, а започна во 2016 година. Треба да има 204 станови, 167 соби и 16 приватни вили.
Како што изјавиле од шпанската архитектонска куќа што го дизајнирала комплексот, тие сакале да понудат „простор на луксуз и удобност, што овозможува бегство од секојдневниот живот“. Додаваат дека гостите ќе можат да се „исклучат и да уживаат во широк спектар на услуги ориентирани кон лична релаксација и удобност“. Комплексот е составен од неколку гнезда, и секое функционира како независна единица. Секој има огромен базен во средина и многу други активности и може да функционира целосно одвоен од надворешниот свет, иако е близу до морето.
Според нив, формата на гнездото е избрана затоа што обезбедува „исконско чувство за безбедност напишано во нашите гени“ и во нив „луѓето се чувствуваат заштитени и посветени на себе“.
Инвеститорот е најголемата мексиканска компанија за недвижнини.
Извор: sputniknews.com