Се прави најскапата маска на светот. Ова беше првиот услов – да биде најскапа, но и да се заштити од инфекција, така што беше инсталиран филтерот Н99.
Чини 1,5 милиони долари, а нив ги платил еден кинески бизнисмен на позната израелска компанија за накит за да му направи заштитна маска од 18-каратно бело злато со 3.600 бели и црни дијаманти.
Покрај тоа, да биде најскапа, богатиот Кинез, кој живее во Америка, има услов да се направи до крајот на годината.
Со својата 270 грама тежина, најскапата маска е скоро 100 пати потешка од класичната заштитна маска и веројатно нема да биде практична за носење.