Му се слошило среде говор- сирискиот претседател Башар ал Асад имал проблеми со притисокот – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 5:10 PM

Му се слошило среде говор- сирискиот претседател Башар ал Асад имал проблеми со притисокот

Сирискиот претседател Башар ал Асад (54) го прекина својот говор денес пред пратениците во сирискиот парламент, откако му се слошило поради нискиот крвен притисок, објави сириското претседателство.

Тој, наводно, го прекинал говорот неколку минути, поради благ случај на низок крвен притисок, од што болувал, по што го продолжил говорот нормално, пренесува АП.

На официјалната страница на Фејсбук на Претседателството беше објавено дека целиот говор ќе биде објавен во текот на денот.

До сега не се знаеше дека Асад има здравствени проблеми.

Тој се обрати пред членовите на парламентот по повод изборите минатиот месец, трет по почетокот на конфликтот во земјата во 2011 година.

Извор:telegraf.rs