Коронавирусот ги намали површините засадени со грав во тетовско – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 2:57 PM

Коронавирусот ги намали површините засадени со грав во тетовско

На тетовските ниви сега ретко земјоделците се одлучуваат да садат грав, поради немање на пласман. Но годинава земјоделците се откажале од овој производ кој бара поголема работна сила, која во време на полициските часови изминатава пролет ја немаше.

 

Класичен пример дека во тетовско се намалуваат површините со грав е Мемет Синани од тетовско Камењане, кој има засадено едвај еден декар површина со овој производ, за разлика од лани кога садел до 20 декари. Тој реагира и на ниската откупна цена на печницата, која годинава се симна и на 9 денари.

Синани смета дека секоја година треба да се води статистика колкав е трошокот на производство, а колкава е цената. Таа статистика треба да се направи пред продажбата на пченицата, а не во септември како што најавуваат сега.