Колумбија во секој поглед ја надигра Полска и го победија со уверливи и заслужени 3:0, резултат кој најдобро го отсликува сето она видено на теренот. Колумбијците беа поагилни и повешти во секој поглед и со погодоците на Јери Мина, Фалкао и Квадрадо и зададоа тежок удар на Полска, репрезентација која по само две кола сега ќе ги пакува куферите и покрај тоа што беше фаворит во оваа група.
Полјаците дефинитивно ќе си заминаот од мундијалот во Русија како едно од најголемите разочарувања, додека Колумбија сега остана жива и во последното коло со Сенегал ќе решава за тоа дали ќе се најде во осминафиналето на Светското првенство.
Сепак на трибините беше жешко благодарение на згодните и убави Колумбијки кои во секој поглед ги засенија Полјакините. Дефинитивно ќе биде штета ако не продолжи репрезентацијата на Колумбија понатаму, само поради погледите кои ќе ги изгуби фудбалската јавност.