Воз излета од шини, на местото на несреќата има 30 возила на Итна помош – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 1:29 PM

Воз излета од шини, на местото на несреќата има 30 возила на Итна помош

Во Абердиншир во Шкотска дошло до несреќа кога воз излетал од шините, а шкодката премиерка Никол Старџен изјавила дека станува збор за многу  сериозен инцидент.

Несреќата се случила утринава околу 9 часот и 30 минути по локално време, а за сега не се знае дали има загинати, но според првите информации има тешко повредени.

На лице место на несреќата се наоѓаат 30 возила на Итна помош, пренесува Би Би Си.

На видео снимката од несреќата се гледаат полициски возила, но и густ чад кој излегува од возот, пренесува Си Ен Ен.

https://www.youtube.com/watch?v=MAZ5OUSaqiw

Британскиот министер за сообраќај Грант Шапс изјавил дека е повикан итен состанок со претставници на Железницата околу инцинетот.

Преземено од: https://www.b92.net/