Лесен рецепт на домашен мармалад од лубеница за кој ќе ви бидат потребни не повеќе од половина час, за подготовка ќе ви бидат потребни четири состојки:
*2 шољи исчистена лубеница
*2 шољи шеќер
*1/4 лимонов сок
*2 ќесички желатин

Подготовка:
Ставете ја лубеницата во блендер и додадете го шеќерот, лимоновиот сок и желатинот. Кога добро ќе се изблендира и ќе добиете хомогена смеса, префрлете ја смесата во поголем сад за готвење и варете ја 20 минути на тивок оган. Потоа пресипете ја смесата во тегла и мармаладот е веќе подготвен за консумирање.
Преземено од: https://stil.kurir.rs/


