Руска инвазија на Анталија: Во еден ден слатале 80 авиони со 23.000 туристи – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 11:17 AM

Руска инвазија на Анталија: Во еден ден слатале 80 авиони со 23.000 туристи

Со повторното воспоставување летови кои беа запрени во рамките на мерките против ширењето на Ковид-19 во Анталија, турската престолнина на туризмот, во еден ден слетале дури 80 авиони кои превезувале туристи од Русија, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Анталија е омилено летувалиште на руските туристи. Според податоците на Кабинетот за култура и туризам на Анталија, минатата година овој град го посетиле 15.644.108 туристи, од кои 5.582.763 биле Руси.

Во Анталија во понеделникот, на 10 август, допатуваа 80 авиони од Русија, со кои на популарната туристичка дестинација на јужниот дел на Турција дошле над 23.000 туристи.

Претседателот на Здружението на медитерански туристички хотелиери и оператори (AKTOB), Еркан Јагџи, во изјава за АА рече дека Анталија е една од најзначајните туристички дестинации за Русите.

Тој истакна дека туристичкиот сектор вложил напор за да понуди сигурен туризам во времето на пандемијата и додаде дека е многу важен интересот на гостите од Русија.

„Интересот ќе расте сѐ додека нудиме безбеден и здрав туризам“, изјави Јагџи.

Претседателот на Здружението на професионални менаџери на хотели (POYD), Улкај Атмаџа, напомена дека станува збор само за почеток на туристичката сезона.

„Русите сакаат да патуваат. Анталија им нуди природа, културно наследство, море, сонце, плажи. Во изминатите десет дена имавме значителен раст на резервации, што нѐ прави среќни“, изјави Атмаџа.