Во Баковчици, место во Копривничко-крижевската жупанија во Хрватска, завчера се случи несекојдневна сообраќајна несреќа во која, за среќа, нема повредени, но настрада, и то многу, една куќа.
Како што пишува порталот „Подравина.хр“, а пренесува „Јутарњи лист“, работници на комуналното претпријатие „Коминг“ дошле да ја исчистат канализацијата. Возачот на камионот излегол да им помогне на колегите. Но, или заборавил или рачната кочница сама попуштила, па тешкиот камион сам, без возач, тргнал по надолнината и, по 50-ина метри, силно удрил во куќата и речиси целосно ја уништил.
Во куќата живеел потстанарот Штеф, кој, за среќа, во тој моент бил во дворот и за влакно избегал пред тркалата на 11-тонскиот камион, кој без возач „пропатвал“ 50-ина метри по надолницата. Работниците и возачот натрчале и се обидувале некако да го сопрат, но немале никакви шанси.
Полицијата соопштила дека против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка, а куќата, според соседите, ќе се урива.


