Поради убод од пчела, Босанец во тешка состојба од Мостар со хеликоптер однесен во германска болница – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 10:32 AM

Поради убод од пчела, Босанец во тешка состојба од Мостар со хеликоптер однесен во германска болница

Јозо Богдан (66), сопственик на компанијата „Феал“ од Широки Бриег, Босна и Херцеговина, итно е пренесен на лекување во странство. Како што пренесуваат босански медиуми, тој во неделата паднал во анафилактички шок откако бил каснат од пчела.

Прво итно бил пренесен во клиничката болница во Мостар, каде што лекарите го реанимирале. Вчера попладне од стадионот „Под Белиот Брег“ во Мостар со хеликоптер е пренесен на лекување во странство, неофицијално во Германија.