Короната го стивна и Загорје: Туристи повеќе не одат ни кај Тито и Туѓман – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 10:28 AM

Короната го стивна и Загорје: Туристи повеќе не одат ни кај Тито и Туѓман

Родната куќа во Кумровец на некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, оваа година ја посетуваат трипати помалку туристи од лани, а за третина е намален и бројот на посетители на куќата на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, која е на 20 киометри подалеку од Кумровец, во Велико Трговишќе, пишува „24 сата,хр“.

Родното место на Тито лани го посетиле речиси 100.000 луѓе, од кои во првите седум месеци од 2019 – 33.000. Од јануари до крајот на јули годинава во Кумровец дошле 11.000 туристи. Кај Фрањо Туѓман, пак, во В. Трговишќе во првите седум месеци на 2019 година отишле 9.000 посетители, а во истиот период годинава – 6.000.

„Не се плашиме ние за нашите претседатели. Ним короната не им може ништо. И кога ќе помине таа, тие и понатаму ќе бидат овде“, велат секогаш расположените и духовити Загорци.