На листата на 500 најуспешни светски компании се наоѓаат 133 фирми од Кина, Хонг Конг и Тајван, како и 121 фирма од Соединетите Американски Држави.
„Ова е првпат на Глобал-500 листата да имаме повеќе компании со бази во Кина и во Хонг Конг отколку во САД“, пишува магазинот „Фортуне“, кој секоја година ја објавува „Глобал 500“-листата.
Се наведува дека тие 500 компании во 2019 година создале профит од две илјади милијарди долари, а ширум светот вработуваат 70 милиони луѓе, пренесува Танјуг.
На првото место на листата се наоѓа американската копрпорација „Валмарт“, втора е државната кинеска нафтена групација „Синопек“, а кинески комапнии се и на третото и четвртото место