Шеесетина луѓе се’ уште се водат за исчезнати по силната експлозија на амониум нитрат која пред една недела го потресе Бејрут. Инспекторите кои го пребаруваат местото на несреќата откриле тајни подземни лавиринти, што на семејствата на исчезнатите им буди надеж дека некои од нив ќе бидат пронајдени живи.
Инспекторите откриле мистериозни простории кои личат на соби изградени како засолништа во случај на напад.
Спасувачите моментално ги рачистуваат урнатините за да допрат до тие соби. Досега е расчистена една.
“Тие знаеја дека таму постои лавиринт од подземни простории, успеаја да дојдат само до една. Тоа дава надеж за семејствата на исчезнатите дека тие некако преживеале”, навел дописникот на една австралиската телевизија „Скај њуз“.
Во обезбедувањето на местото на несреќата и во потрагата по исчезнатите, на припадниците на либанската војска и цивилната одбрана им се приклучиле и руски и турски спасувачки тимови.