Џо Бајден ја избра Камала Харис за потпретседателска функција во САД ако победи на изборитe – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 9:05 AM

Џо Бајден ја избра Камала Харис за потпретседателска функција во САД ако победи на изборитe

Џо Бајден  ја избра сенаторката од Калифорнија Камала Харис за потпретседателска функција, што ја направи прва црна жена што е именувана на изборно ливче на голема партија за претседателски избори.

Како жена од индиско потекло, таа исто така прави историја како прва значајна Јужно-азиска Американка која е кандидатка за општи избори.

„Имам голема чест да соопштам дека ја избрав Камала Харис — бестрашен борец за малиот чивек, и една од најдобрите јавни службеници — за потпретседателка“, напиша на Твитер Бајден во вторникот попладне. „Заедно, со вас, ние ќе го победиме Трамп“, јавува „Гласот на Америка“.