Кога бирате партнер, не е доволно само да го слушате своето срце – советува психотерапевтот Миливојевиќ – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/20 10:23 PM

Кога бирате партнер, не е доволно само да го слушате своето срце – советува психотерапевтот Миливојевиќ

Бирајќи партнер, не го слушате само срцето туку него го спојувате со мозокот. Српскиот психотерапевт и автор на многу книги за психологијата во љубовта, Зоран Миливојевиќ ги открива главните причини за несреќните бракови.

Личноста што ја сакате и врската се две посебни категории – вели Миливојевиќ, цитирајќи го Станислав Фелдман.

„Честопати кога ќе засакаме некоја личност мислиме дека врската ќе биде во ред, а на терапија на пример, доаѓаат луѓе кои иако многу се сакаат не можат да имаат стабилна врска бидејќи имаат различни перцепции за неа. Затоа, кога бирате партнер/ка треба да знаете каква врска сака таа личност, дали сака деца, какви се нејзините ставови во врска со воспитувањето,но и каков однос има со своите родители. Важно е и каков однос има кон парите, како реагира во конфликтни ситуаци и каков однос има кон работата. Исто така, важен е и односот кон сексот, кој може да биде проблем во врската. Во фазата на заљубување луѓето се хиперсексуални, а подоцна се јавува недостиг на секс кој создава фрустрација“, смета Миливојевиќ.

Обрнете внимание и на тоа колку партнерот е љубоморен. На почетокот можеби ќе се обидува да го потисне тоа чувство, но подоцна, ако љубомората е презастапена може да се претвори во проблем. Љубоморниот партнер некогаш бил повреден и сега се плаши дека тоа ќе се повтори – додава психотерапевтот.

Според него, заљубеноста е културолошки условена.  Во некои култури љубовта е средство, а не цел. Кај нас љубовта е и цел и смисла, додека кај некои љубовта е само она што поврзува двајца кои си даваат меѓусебна поддршка. Ако сакате да знаете што претставува љубовта, видете го животот во примитивните племиња, таму точно се гледа која е функцијата на љубовта.

Миливојевиќ сепак не смета дека целосно треба да го искорениме овдешниот концепт:

„Бркајќи ја љубовта, ја изгубивме заљубенста. Има многу докази за тоа, третина од браковите се распаѓаат, луѓето живеат во незадоволни односи. Последица од тоа е дека се раѓаат премалку деца“.

На психотерапија често ми доаѓаат жени во доцните триесетти години кои се уште не го нашле вистинскиот. Се работи за убави, успешни и паметни личности кои биолошкиот часовник ги турка кон мајчинството, но имаат нереални критериуми за тоа каков треба да биде таткото на нивното дете. Некои од нив успеваат да реализираат таква врска и да родат едно дете. Дали и јас, иако сум наоружан со теорија, успеав да остварам среќна врска? И јас бев полн со заблуди, многу пати се заљубив и се разочарав. На околу четириесетгодишна враст успеав среќно да се „составам“. Сега имам 59 години и живеам како што говорам, имам задоволителен емотивен живот – додава тој.

 

Извор:  infopult.info