Мајката истовремено е и критичар, и инспирација и пријател. Таа може да биде рамо за плачење, но и најголем проблем во животот на една млада девојка. Додека растат, ќерките несомено влегуваат во расправии со мајките доколку мислењата не им се совпаѓаат, но има и ситуации во кои мајките се обидуваат да ги подучат ќерките да не ги прават истите грешки како нив. Сето тоа е дел од нивниот меѓусебен комплициран однос, кој се темели на безусловна љубов.
Кои се животните лекции што само силните мајки можат да им ги дадат на своите ќерки прочитајте во продолжение:
Само мајката може да ве научи како да продолжите понатаму, откако ќе се соземете по големата прашина што се создала, кога сте имале чувство како да се распаѓате. Животот не се состои само од бројни падови, туку и од можности за собирање сила и станување.
Мајката е таа која треба да му објасни на детето дека во текот на животот ќе запознае многу луѓе и не сите од нив, се добри.
Има луѓе кои се користољубиви и кои се дволични, но мајката е таа која на својата ќерка мора да и’ укаже на таа разлика меѓу луѓето. Мајката треба да ја научи ќерката да не го затвора своето срце за сите, туку да направи место во него за оние што не се токсични.
Младите девојки тешко прифаќаат дека можеби се заљубиле во погрешно момче. Мајсторите на манипулациите ќе се обидат да ве убедат дека љубовта мора да боли. Сепак, мајката е таа која со својот труд треба да ја предочи другата страна. Мајката е таа која ќе ве научи да прифатите дека сте направиле лоша проценка, но ќе ви каже и како да извлечете поука од тоа.
Мајката е таа која треба да ви даде да дознаење дека сте преубави такви какви се што, но и дека само оној кој е вреден за вашата љубов ќе знае да го препознае и да го почитува тоа. Мајката е таа што не’ учи да сакаме, но пред се’ самите себе, а потоа и сите останати.
Извор: Stil.kurir.rs