Гитарата на Џими Хендрикс продадена на аукција за 216.000 долари – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/20 7:11 PM

Гитарата на Џими Хендрикс продадена на аукција за 216.000 долари

Според наводите на „GWS Auctions“, Хендрикс започнал да свири на оваа јапонска гитара кога бил отпуштен од војската во САД во 1962 година…

Гитарата на која во раните 60-ти години свирел Џими Хендрикс е продадена на аукција за 216.000 долари, четири пати повеќе од почетната цена.

– Откако го напуштил Форт Кембел, Џими на кратко се преселил во Кларксвил во Тенеси, каде свирел со Вилсон Пикет, Слим Харп, Сем Кук, Ајк и Тина Тарнер, пред да се пресели во Харлем во Њујорк на почетокот на 1964 година. Таму останал две години, свирајќи во кафулето „Wha“ и клубот „Gepard“, се наведува во соопштението на аукциската куќа.

Гитарата била во сопственост на Џими додека кратко настапувал и со групата „Isley Brothers“ како и неговата „Jimmy James and the Blue Flames“. Меѓутоа, кога ги напуштил САД, инструментот е оставен во Њујорк во станот на неговиот другар Мајк Квашиј, кој ги забележал податоците за гитарата непосредно пред неговата смрт.

Гитарата првенствено била проценета на 50.000 долари, но со наддавањето достигнала цена од 216.000 долари.

слободенпечат.мк