Жозе Мурињо си го доби својот човек. Првото летно засилување за Тотенхем се чини дека е баш по негова мерка.
Данскиот фудбалски репрезентативец и доскорашен играч на Саутемптон, Пјер-Емил Хојбјерг, официјално стави потпис на петогдишен договор со екипата од северен Лондон.
Хобјерг, кој наполни 25 години минатата недела, за тимот од јужниот брег на Англија настапи 129 пати, постигнувајќи пет голови во четирите годините поминати во клубот.
Трансфер деталите и сумата на трансферот остануваат во тајност, но тоа што не е во тајност е бројката којашто ќе ја носи играчот од средината на теренот во неговата нова средина. Поранешниот играч на Баерн Минхен на грбот ќе ја носи „петката“.
Според англиските медиуми, во трансферот на Хојбјерг во Тотенхем е вклучен и еден услов, а тоа е перманентно останување во Саутемптон на позајмениот млад десен бек, Вокер-Питерс. Во исто време кога се официјализираше трансферот на Данецот, Саутемптон го потвврди останувањето на Питерс во нивните редови.


