Руската корона-вакцина: успех или ризик? – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/20 4:47 PM

Руската корона-вакцина: успех или ризик?

Русија објави дека ја има првата вакцина за коронавирусот. Во забрзаната постапка на одобрување, Москва ги прескокна решавачките безбедносни проверки на вакцината. Експертите го сметаат ова за исклучително ризично.

Повеќе од 170 проекти ширум светот интензивно работат  на изнаоѓање на соодветна вакцина против коронавирусот САРС-КоВ-2. Според списокот на СЗО од јули, шест кандидати за вакцини веќе ја достигнале одлучувачката трета фаза на студиите  или веќе се среде таа фаза.

Но, дури и ако сите процедури екстремно се забрзаат, нова вакцина не се очекува до крајот на годината или на почетокот на 2021.

Што планира Русија? 

И покрај бројни неизвесности во врска со безбедноста, Русија  во забрзан процес на одобрување,  едноставно ја прескокна одлучувачката проверка на безбедноста и ја одобри првата вакцина за коронавирусот.

Веднаш по одобрението, Русија планира да ја тестира вакцината кај поголема група луѓе.

Според руското министерство за здравство, тестовите на околу 800 луѓе треба да ги потврдат резултатите од првите студии.