Три во едно: Во Хрватска личната карта, здравствената книшка и возачката дозвола на еден документ – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/20 10:18 AM

Три во едно: Во Хрватска личната карта, здравствената книшка и возачката дозвола на еден документ

Во Хрватска е најавено спојување на некои важни лични документи на граѓаните. Така, личната карта би требало да биде и здравствена книшка и возачка дозвола.

Министерт за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека се  минати времињата во кои МВР било единствената институија што издавала лични карти, пасоши и возачки дозволи.

Повикувајќи се на свои сознанија, „Јутарњи лист“ пишува дека прва со личната карта би можела да биде споена здравствената легитимација, а потоа и возачката дозвола.

„Подготвени сме дел од таа работа да им ја препуштиме на телата на локалната самоуправа или на правни лица со јавни овластувања, како што успешно се покажа решавањето со издавањето сообраќајни дозволи на местата на кои се извршува технички преглед“, вели Божиновиќ.

Се смета дка во иднина во надлежност на МВР би требало да остане само приемот на државјанства, дозволите за оружје и регулирањето на престојот на странски државјани.