Отако некои италијански пратеници одлучиле да побаараат бонус од по 600 евра предвиден за вработените за да се ублажат последиците од пандемијата, медиумите објавја извештаи за приходите на политичарите во Италија кои изнесуваат и до 15.000 евра месечно, колку што примаат сенаторите.
Одлуката на петтемина италијански пратеници предизвика голем револт во јавноста, а шефот на италијанската дипломатија Луиѓи ди Мајо изјави дека политичарите што зеле бонус „мора да ги вратат парите и да се извинат“, пренесуваат италијански медиуми.
Италијанската Влада овозможи бонус од 600 евра за работницит за да ги ублажи последиците од пандемијата и рестриктивните мерки, за што во март и во април беа издвоени речиси шест милијарди евра.